Категории

КАКО ДА ГО СТЕРИЛИЗИРАТЕ МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН ЗА ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈАТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ: Ова мора да го правите за да ја спречите заразата

Како да се стерилизира мобилниот телефон? Еве што велат експертите од ИТ!

За почетoк, кога ќе излезете од дома, ставете го со чисти раце телефонот во вашиот џеб или чанта и не го користете додека патувате до работа.

Исклучок се луѓето кои не можат да го одложат користењето на мобилниот телефон. Но, ако не сте хирург, пожарникар или возач на брза помош, оставете го телефонот во џеб додека не стигнете на работа.

Таму прво темелно измијте ги рацете, а потоа извадете го телефонот.

Ако сепак треба да го користите додека сте во јавен превоз, првично избришете ги рацете со алкохолно марамче. Фрлете го и избришете го телефонот со друго алкохолно марамче.

За бришење на телефонот дозволено е да се користи индустриски алкохол од 98% (медицински разреден), па не треба да го исклучувате телефонот или да ја отстранувате батеријата.

Особено внимателно избришете ги деловите кои се во директна близина на устата и носот додека зборувате.

Ако некој друг го користи вашиот телефон, избришете го веднаш. Избегнувајте да им го давате на децата мобилниот телефон да си играат, затоа што и покрај добрата хигиена, некои бактерии може да останат на екранот или футролата.

Кога ќе стаасте на работа, избришете ја и тастатурата, како и фиксникот телефон! Направете го истото и дома секогаш кога имате време.

Стерилизаторите на телефонот не можат да бидат замена за оваа постапка. Дури и ако ги набавите, тие ве чекаат дури дома, а до тогаш ќе поминете часови и часови на работа, во јавен превоз или во автомобил.

Експертите велат дека во текот на денот – не знаејќи – ја допираме устата или носот и до 90 пати.

Бидејќи во меѓувреме користиме мобилен телефон, стерилизацијата само дома нема да го спречи ширењето на инфекцијата, освен ако не ги промениме навиките!

Прегледи:
426
Објавено на:
18.03.2020