Категории

(ФОТО) Кралскиот пар осуден дека не носи заштитни маски за време на посетата на информативниот центар за коронавирус во Лондон

Принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон го посетија информативниот центар за коронавирус во Лондон, но беа осудени поради тоа што не носеа заштитна опрема

Војводата и Војвотката од Кембриџ го посетија информативниот центар за информации во врска со коронавирусот во Лондон. Она што ги размрда британските медиуми е тоа дека кралскиот пар не носеше соодветна заштита односно заштитна маска и ракавици.

Во текот на службената посета, парот на два наврати ги дезинфицираше рацете, иако немаше ракување, принцот Вилијам сподели дека ќе го изменат начинот на извршување на кралските должности додека трае коронавирусот.

За оваа службена посета, војвотката Кетрин носеше розово одело во комбинација со класична бела маица и сиви потпетици.

Прегледи:
486
Објавено на:
21.03.2020