Категории

Исповед на италијанскиот фудбалер Алесандро Фавали кој го преживеа корона вирусот

„Очите ми гореа и се тресев. Но за среќа го преживеав и сега се чувствувам одлично!“

Италијанскиот фудбалски третолигаш, Алесандро Фавали успеа да го преброди корона вирусот.
Тој за BBC сподели специјална исповед за макотрпната борба која не е нималку лесна за читање.

„Се чувствував многу непријатно кога се разбудив на 2 март. Имав температура, главоболка и очите ми гореа. Веќе неколку ноќи имав симптоми, се тресев од прелденост. Почнав да се сомневам. Веќе во јануари имав грип. Му се јавив на моето семејство и сите ги имаа истите симптоми. Бидејќи насекаде се зборуваше за корона вирусот, веднаш знаев за што се работи.“

 

View this post on Instagram

💪🏻🇱🇻 #reggianasüdtirol #seriec

A post shared by Alessandro Favalli (@ale_favalli) on

„Температурата никогаш не надмина 37,8 степени. Ја имав три дена но до мигот кога дадов брис, почнав да се чувствувам подобро. Имав и главоболка но таа не траење долго. Никогаш не сум се плашел за себе затоа што никогаш не сум се чувствувал многу лошо. Најмногу се грижев за моите најблиски кои беа потешко погодени од мене, можеби поради нивната постара доба и телесна состојба.“ – зборува Фавали.

Тој беше збунет со одлуката утакмиците од Серија А да продолжат со играње.

„Бев запрепастен кога видов дека некои клубови и лиги сакаат да продолжат со натпреварите. Дури и играњето пред празни трибини е погрешна одлука. Играчот може да се зарази на терен. Претпоставува дека проблемот не е сериозно сфатен. Сигурен сум дека веднаш би престанало да се игра ако некој играч од Серија А е заразен во тоа време.“