Категории

Природни средства за чистење на домот кои можете да ги направите од состојки кои веќе ги имате

Тие се природни и не се штетни, мирисаат пријатно и го штедат домашниот буџет

Многу комерцијални производи за чистење можат да го оштетат вашиот мебел и површини во домот, а за среќа постојат многу еколошки прифатливи алтернативни сретства кои се прават од секојдневните производи за домаќинство.
Ви споделуваме рецепти за некои од нив кои можат да ви помогнат да постигнете одлични резултати кај хигиената во домот, баш во овие мигови кои сме приморани да поминуваме време во своите домови.

Спреј против прашина на мебелот
Можете да го користите секојдневно, овој раствор мириса пријатно и истовремено делува како освежувач на воздухот.

Потребно ви е:
-1 шолја вода
-1 шолја бел оцет
-2 лажици кокосово масло
-15 капки лимоново масло
-Празно шише со спреј
-Крпа од микрофибер или обична памучна ткаенина

Измешајте ги сите состојки во шишето со спреј, затворете добро и протресете. Прскајте директно на дрвените површини па пребришете со мека сува крпа. Протресете го сретството пред секоја употреба.

Сретство за дрвени подоби
-4 шолји топла вода
-1 лажица течен сапун на база на маслиново масло
-10 капки етерично масло од лимон

Измешајте ги сите состојки во шише со распрскувач, испрскајте ги подовите и пребришете со крпа.

Сретство за отстранување флеки
-1 шолја сода бикарбона
-1 шолја вода
-1 лажица бел оцет

Ставете ги сите состојки во шише со распрскуваш, протресете и напрскајте онаму каде што имате дамки, тријте со мека крпа.

Прегледи:
926
Објавено на:
26.03.2020