Пандемијата на корона вирусот не го поштеди никој. Помеѓу 170,000 заразени има и многу светски ѕвезди.
Популарната актерка Ема Стоун не спаѓа помеѓу заболените од вирусот но тој сепак влијаеше врз промената на важните планови како кај многумина така и кај неа.
Оскаровката беше приморана да ја откажи својата венчавка.
Популарниот пар, режисерот Дејв МекКери и актерката одличија да ја откажат свечената церемонија поради забраната за присуство на голем број луѓе во една просторија. Бидејќи тоа е единствениот начин да се спречи ширењето на болеста, парот одлучи да го каже судбоносното „Да“ во некои подобри времиња.
Ема и Дејв се запознаа во декември 2016 на снимањето на емисијата Saturday Night Live во продукција на самиот МекКери. После состанокот, парот не сакаше да ја потврди врската а во јануари 2019 се појавија за прв пат заедно на свечен настан.