Категории

18-годишна девојка од Србија која е дијабетичар го победи корона вирусот

И покрај тоа што се бори со опасната болест веќе 10 години, таа успеа да го победи корона вирусот.

Марта Катаи е 18-годишната пациентка од Србија која успеа да го победи корона вирусот. После осумдневна борба таа во вторникот попладнето беше отпуштена од Клиничкиот центар Војводина на домашно лекување. Нејзината победа е огромна затоа што таа веќе 10 години страда од дијабетес. Не знае каде се заразила со коронавирусот затоа што лекарите и соопштиле дека нејзиниот имунитет е толку слаб што било доволно само да помине покрај некој кој има вирус.

Првите симптоми ги почувствувала на 16 март во вечерните часови.
„Почувствував омалаксаност и зголемена телесна температура. За жал, не ја сфатив сериозноста на ситуацијата од почеток и не се изоларав уште од првото појавување на коронавирусот во Србија. Со самото тоа што сум свесна дека имам слаб имунитет и колку често имам настинки, се плашев дека вредноста на шеќерот во крвта ќе биде повишена затоа во такви случаеви тешко се регулира.“ – изјавува девојката.

View this post on Instagram

🐝

A post shared by Marta Katai (@marta____k) on

Прегледи:
402
Објавено на:
29.03.2020