Категории

Како да му пружите забава на вашето куче во затворен простор?

Моменталната ситуација не погодува сите, а особено нашите миленици кои со нетрпение очекуваат да ги носите во прошетка. Сега кога сме приморани да го ограничиме нашето излегување од дома, ви споделуваме неколку интересни начини како да го забавувате вашето куче во домот.

Кучињата на кои им е здодевно често запаѓаат во проблеми. Ние сме нивниот главен извор на забава, така да, ако не им проуштиме никакви задачи тие сами ќе си најдат своја забава а тоа може да заврши со искинати чевли и купување на нови завеси. Играјќи со своето куче неколку пати во денот, можете да ја намалите веројатноста да развие деструктивни навики како претерано лаење, гребење и жвакање. А веќе е научно докажано дека играњето со домашниот миленик го намалува стресот и анксиозноста и го зголемува нивото на серотонин, што е дупла предност како за нив така и за вас.

Еве неколку начини преку игра со кои можете да им обезбедите сигурна забава на вашето куче:

Игра „Пронајди ја наградата“
Игрите кои бараат душкање се наједноставниот начин да го забавувате вашето куче. Преку душкањето како „пронајди ја наградата“, ментално го изморувате и му помагате на начин кој ги развива неговите ментални вештини.
Сецкан морков може да ви послужи како награда во оваа игра. Земете неколку парчиња и внимавајте на тоа вашето куче да ве гледа додека ги редите по просторијата. Дајте му знак кога да ги пронајде најградите и немојте да заборавите да го пофалите секој пат кога ќе пронајде една од нив.

Игра со погодување
Оваа едноставна игра за која е потребен мирис е идеална за почетници.
Единствено што ви е потребно е кучечка храна, а ако ја немате при рака, може да послужи и сецкано овошје или зеленчук или едноставно направете домашни кучешки ужинки.
Потоа ставете ја во едната рака неговата ужинка и затворете ги двете раце, испружете ги напред пред вашето куче и пуштете го да одбере во која рака се наоѓа. Кога кучето душка или со шепата ја покажува точната рака, отворете ја и пружете му ја ужинката. Ако одбери погрешно, немојте да го обесхрабрувате, потребно е само малку вежбање.

Забава со помош на пешкир
Ако вашето куче обожава да душка, можете да земете стар пешкир и да го спружите на подот. Распоредете неколку ужинки по него и преклопете ги. Додадете уште неколку ужинки и повторно преклопете. Повторете го тоа неколку пати и дозволете му на вашето куче да ве набљудува додека трае процесот. Тогаш само дајте му го замотаниот пешкир и оставете го да да се обидува да ги извлече ужинките од пешкирот.

Научете го на некој нов трик
Дали вашето куче знат да поминува меѓу нозе, да се врти во круг или да ви пушти рака во знак на поздрав? Секогаш постој нов трик на кој можете да го научите а сето тоа е многу поедноставно отколку што звучи. Откако ќе ги научи основните трикови, можете да ја направите играта уште попредизвикувачка така што ќе ги комбинирате разните трикови.

Повлечи-потегни
Оваа игра е една од најдобрите начини на кои можете да се вклучите во играта со вашето куче. Тоа е интересен начин да го вежбате ментално и психички, а со оглед на тоа што не ви е потребен голем простор, идеално место е и домот. Дозволете му на вашето куче да победи затоа што на тој начин ќе го поттикнете да сака да игра уште повеќе. Откриено е дека кучињата кои со своите сопственици ја играат оваа игра имаат повеќе самодоверба. Тегнењето е идеален начин на вежбање на вашето куче се додека тоа ги почитува правилата како – играта продолжува се додека забите не ја добрат раката.

Прегледи:
643
Објавено на:
31.03.2020