Категории

Совети за дезинфицирање на садовите – Што е потребно да знаете?

Додека ги перете вашите садови со топла вода и детергент, сигурно мислите дека се совршено чисти и дезинфицирани..

Особено е важно да напоменеме дека поголемиот дел од сретствата за перење садови немаат антибактериски својства. Чистите садови се всушност легло на бактерии, вируси и нечистотии.
Во поглемиот дел од случаите ова не е причина за грижа, но ако некој во вашиот дом неодамна бил болен или на садовите сте подготвувале свежо месо, морате да се погрижите да бидат добро дезинфицирани.

Како да го направите тоа, следете ги овие упатства:

– Во дебатата кој подобро ги уништува бактериите – перењето на раце или во машина за садови, сепак победник е машината. Иако можеби не е најдобар начин за отстранување на флеки и честици храна, во текот на перењето се постигнува повисока температура отколку што вашите раце би можеле да поднесат. За целосно уништување на бактериите, температурата на водата треба да биде над 60 степени.

– Ако немате машина за перење и морате да перете рачно, тогаш користете многу топла вода и секако употребувајте специјални ракавици.

– Никако не користете сунѓер – Наместо тоа, употребувајте силиконска четка која помага тие да се перат многу полесно а и побрзо се сушат. Доколку морате да употребувате сунѓер, менувајте го еднаш неделно.

– Ако садовите ги бришете со кујнски пешкир после перењето, секогаш користете потполно чист пешкир и веднаш потоа испрете го.

Прегледи:
463
Објавено на:
01.04.2020