Категории

5 идеи на филмови за гледање додека сте дома: Овие се најдобрите филмови за опуштање

5 филмови кои треба да ги изгледате додека сте дома – Опуштете се во овој период!

Филмовите, како и музиката, влијаат врз нашите мисли, однесување, расположение и чувства.

Постојат филмови кои се забавни, со крај што ќе вè натера да се насмеете, растажите или да се расположите. Но, има и филмови кои ќе ве потсетат на важноста на сегашниот момент, силата на оптимизмот и позитивните емоции.

За време на периодот на изолација, веројатно слушате многу вознемирувачки и негативни вести. Многу од овие информации честопати се непроверени, многу ве вознемируваат, а некои дури ве доведуваат до депресивно расположение и напад на паника.

Важно е во овој период  кој сега го поминувате дома да гледате релаксирачки и едукативни содржини.

Изберете филмови кои ќе ве поттикнат, ќе ве потсетат на вистинските вредности и ќе ви ја разбудат среќата во овие предизвикувачки времиња.

 

Еве 5 филмови кои што топло ви ги препорачуваме:

 

  1. I am(Јас сум)

Режисерот Том Шаџијак разговара со интелектуалните и духовните водачи за тоа што не е во ред со нашиот свет и како можеме да го подобриме и начинот на кој живееме во него. Фасцинантна лична приказна и интервјуа со неверојатни луѓе.

  1. A Mindful Choice (Свесен избор)

Двајцата монаси од модерното доба се среќаваат со разновиден спектар на луѓе кои сакаат да ги подобрат своите животи преку медитација. Балетски играчи и писатели, успешни деловни луѓе, пациенти заболени од карцином, посвоени деца и затвореници. Нивните приказни покажуваат дека мирот е можен и кај поединците и во заедниците – и тие сугерираат дека е и возможен и во целото човештво. Неверојатната кинематографија во комбинација со моќта на луѓето кои сакаат да постигнат длабок мир, е одличен подвижен и многу вредно филмско дело.

 

  1. Inside Out (Во мојата глава)

Сјаен цртан филм во кој што ќе ужива целото семејство, од најмладите до најстарите членови. Преку главните ликови во филмот имагинативно се прикажани емоциите во нашите глави, начинот на кој се појавуваат и како тие се менуваат. Исто така, во цртаниот филмпрекрасните спомени играат огромна улога, кои се тука за да не потсетат на вистинските животни вредности. И вие и вашите најмали ќе бидете маѓепсани.

  1. Walk with me (Чекори со мене)

Овој филм ве носи во светски познатиот будистички манастир на зен-будистичкиот господар Thich Nhat Hanh, и го прикажува животот на монашката заедница која се откажала од имототпоради вежбање и зајакнување на свеста и убавината на сегашниот момент. Овој медитативен филм ја претставува целта и волјата на заедницата решена да развие длабоко чувство на присуство, не само за себе, туку и за сите оние што ги сакаат.

  1. Cloud Atlas (Облак Атлас)

Филмот се состои од истражување на начинот на кој дејствијата на индивидуалните животи влијаат едни на други во минатото, сегашноста и иднината, како што една душа се трансформираод убиец во херој. Овој филм укажува на моќта на кармата, времето, заедницата и неверојатен чин на добрина.

Прегледи:
1178
Објавено на:
31.03.2020