Категории

Ова лекарите го прават за да се заштитат од коронавирусот: 10 совети од прва рака!

Носењето маски и нараквици е задолжително, но и овие постапки многу ќе ви помогнат да се заштитите

Тие се во постојан контакт со заразените и се изложени на најголем ризик од заразување со болеста, така што нивната претпазливост е на највисоко ниво. Сигурно досега знаете многу начини за да се заштитите, но најдобро е да ги слушнете од прва рака, од луѓето кои се ставаат себеси на најголем ризик секој ден.

 

Засилено миење на рацете

Ова е број 1 превенција, но брзото миење на рацете нема да помогне многу. Не е важно само да користите сапун, туку вашите раце мора да се мијат доволно долго.

 

Тие ја соблекуваат облеката веднаш штом ќе влезат во домот

„Чевлите, палтото или кое било друго парче може да биде дом на вируси и бактерии, затоа ги соблекувам веднаш штом ќе влезам дома“, вели Џен Браун, доктор на клиника во Њујорк.

„Во овој период, јас ја перам гардеробата веднаш штом ќе влезам во куќата или го оставам капутот на жица за да се проветри“.

 

Не ги даваат своите работи на други луѓе

 

Дури и обичното пенкало може да биде вистинско легло на зараза. Д-р Сонпал вели дека тој секогаш го носи своето пенкало и не го позајмува на други, како и други работи што ги користи во текот на денот за да се увери дека нема вирус на површината.

 

Измијте го воланот на автомобилот

Ако возите автомобил, го допирате и воланот, адоколку претходно не сте ги измиле рацете, ќе пренесете бактерии што само ќе се акумулираат. „Јас секогаш имам влажни марамчиња во автомобилот со алкохол или мало шише асепсол“, вели д-р Браун.

 

Ракувањето е апсолутно забрането

Ариел Левитан, интернист, потенцира дека претпочита да се „ракува“ со лактот, бидејќи оваа постапка ги намалува шансите вирусите на другите луѓе да завршат во носот, особено за време на пандемија.

 

Тие се правилно се дезинфицираат

“Ако сте биле во близина на лице кое кашла или кива, не грижете се, имате околу 2-3 часа да се ослободите од вирусот од површината на телото. Измијте го носот, измијте ги рацете добро и соблечете ја облеката што е можно поскоро”, вели д-р Ричард Фишер.

 

Површините допирајте ги со марама

Д-р Сонпал ги покрива рацете со марамче пред да го притисне копчето за лифт или кога сака да ја отвори вратата од тоалетот или автомобилот.

 

Свеж воздух

Обидете се да поминете на свеж воздух најмалку 15 минути на ден, дури и во сопствениот двор. Проветрувањето на просториите каде што поминувате најмногу време е задолжителна.

Прегледи:
531
Објавено на:
31.03.2020