Веќе еден месец докторите и медицинскиот персонал при Универзитетската клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје работат во вонредни услови и со најзагрозените случаи на заболени со вирусот ковид – 19. Сe со цел да се помогне во овие ситуации, брендот Озон Голд, одвои количини од својот производ кој е клинички тестиран и придонесува во подигнување на имунитетот и во борбата против вируси, бактерии и подигнување на имунитетот.
„Како компанија која во Македонија произведува производ кој делува на подигнување на имунитетот и помага во борбата со вирусите, сметавме дека треба да ја покажеме нашата поддршка и солидарност. Поддршката во вид на помош, донација на нашиот производ, Ozone Factor, желатинска капсула која содржи озонирано маслиново масло на докторите кои се во првите редови во борба против вирусот Ковид – 19 на Инфективна клиника ќе им помогне во подобрување на имунитетот.“ – изјавија од менаџментот на компанијата.
„Во овие услови во кои се наоѓаме, повеќе од потребно е да ја покажеме нашата општествена одговорност и да им дадеме „сила“ на лицата кои најмногу се борат за сите нас. Затоа, ние како компанија, одвоивме дел од нашата „сила“ за да им покажеме дека заедно можеме да ја победиме состојбата и вирусот “ – додадоа од менаџментот.
Борбата е на целото општество, секој треба да учествува и го дава својот придонес, започнувајќи од почитување на мерките за заштита и превенција, па се до компаниите кои имаат можност без разлика дали се производи, логистика или пак финансии.