Категории

Психологија на успехот: Ова се двете најважни карактеристики по кои не проценуваат

Ако на интервју за работа се појават двајца кандидати со иста експертиза и искуство, кој критериум може да биде пресуден кога работодавачот донесува одлука за избор? Прочитајте …

Веќе 15 години Ејми Кади од Бизнис школата во Харвард ги проучува механизмите со помош на кои ги правиме нашите први впечатоци за личноста која штотуку сме ја запознале. Во нејзината најнова книга “Presence”, Кади наведува дека луѓето се запрашуваат за следниве две работи кога прв пат ќе ве сретнат:

Може ли да и верувам на оваа личност?

Може ли да ја почитувам оваа личност?

Психолозите овие прашања ги припишуваат на категоријата топлина и компетентност, а совршено би било ако оставите впечаток дека ги исполнувате и двата услови.

Интересно е што повеќето луѓе, особено во професионален амбиент, ја сметаат компетентноста за најважен фактор. На крајот на краиштата, сите сакаат да докажат дека се доволно паметни и талентирани за да ја работат работата.

Сепак, самодовербата или топлината е далеку најзначајаен фактор според кој другите ве проценуваат.

„Од еволутивна перспектива, многу поважно за нашиот опстанок е да знаеме дали личноста ја заслужува нашата доверба или не“, наведува Кеди и додава дека само кога ќе се воспостави доверба, дури тогаш се прави проценка на другите карактеристики.

Сепак, од желбата да се покажат способни, вредни и паметни, луѓето најчесто избегнуваат да побараат помош или избегнуваат социјални настани, поради што може да делуваат воздржано.

Луѓето кои се трудат толку многу, можат да бидат многу непријатно изненадени кога ќе дознаат дека не ја добиле понуда за работа затоа што работодавачот не добил впечаток дека може да им верува.

Прегледи:
1191
Објавено на:
05.04.2020