Четиригодишната женка тигар е првиот откриен случај на заразено животно со Ковид-19 во САД, а уште седум други мачки покажале симптом на вирусот. Тие имале сува кашлица и намален апетит уште минатиот месец.
Официјалните лица од градината потврдиле дека големите мачки, вклучувајќи ја и тигрицата Надија се разболеле откако за нив се грижел вработен кој бил во асимптоматична фаза на вирусот.
„Според нашите сознанија прв пат се случува диво животно да се разболи од коронавирусот кој е пренесен од човекот“, вели Паул Кал, главен ветеринар во Зоолошката градина во Бронкс.
Освен тигрите, други животни во зоолошката не покажале симптоми на Ковид-19.
Ова е еден од ретките случаи кога повторно се отвора прашањето за пренесување на коронавирусот од човек на животно. Експертите препорачуваат дека иако во светот се уште нема доволно информации за ваквото пренесување, луѓето кои што се заразени со вирусот да го ограничат контактот со животните.