Категории

Направете добро дело за вашата иднина: Оставете лажица со шеќер во вашиот двор

Можеби ќе ви звучи необично овој предлог, но имајќи во предвид дека се најавуваат тропски горештини, најмалку што можете да направите за животната околина и за својата иднина – е да оставите една супена лажица со шеќер во вашиот двор или градина.

Голем број луѓе не ги сакаат пчелите зошто ги сметаат за досадни. Но факте е, дека овие „досадни“ инсекти постепено исчезнуваат. Не станува збор само за медоносните пчели од кои најмногу имаме директна корист, туку говориме за општата популација на опрашувачи.

Многу е важно да не го дозволиме тоа, бидејќи пчелите исхрануваат 90% од светската популација. Всушност, доколку исчезнат пчелите како главни опрашувачи, не би можеле да живееме уште долго. Ентомолозите ширум светот веќе се многу загрижени поради наглиот пад на бројот на инсектите во изминативе години, а причината за тоа се наоѓа во се позачестеното користење на пестицити, хербициди и гмо.

Не е неопходно да бидете жесток бранител на природата, доволно е само да ја почитувате животната средина околу вас. За среќа, постои еден изненадувачки едноставен начин за да и се помогне на нашата планета и кој секој од нас може да го спроведе.

Како што се вели кај народот: „Никој не може да стори се’, но секој може да стори нешто“. Ние сме одговорни за зачувување на нашиот прекрасен свет и како таков да им го оставиме на нашето потомство.

92-годишниот сер Дејвид Атенборо го посвети сиот свој живот на заштита на правата на животните, заштита на животната средина и заштита на природата.

Овој британски зоолог кој исто така, е и писател, на најпоснат низ целиот свет како телевизиски презентер – сигурно ќе го препознаете ако го погледнете неговото лице.

Прегледи:
456
Објавено на:
08.04.2020