Категории

Лушпите од јајца се корисни за три нешта – Зошто нема потреба да ги фрлате

Лушпите од јајца во голема мера се составени од калциум. Абразивни се и полни со минерали и можат да имаат доста корисна улога во вашиот дом. Со лушпите од јајца можете да чистите но и да ги храните растенијата.

Чистење садови
Ако некогаш сте се исекле од лушпа од јајце, сигурно знаете дека тие се многу поцврсти отколку што изгледаат. Можете да ги претворите во абразивно сретство за чистење кое можете да го искористите за чистење на доста замастени садови. Земете лушпи од јајца и оставете ги добро да се исушат. Здробете ги на ситни парчиња и помешајте ги со сода бикарбона и малку вода додека не добиете смеса која наликува на пилинг.

Против киселост во кафето
Сигурно не можете да замислите дека лушпите од јајца можете да ги ставите во утринското кафе. Бидејќи лушпите од јајца содржат калциум карбонат кој апсорбира киселост, овој трик ќе ви делува ако вашето кафе е премногу кисело или горчливо за вас. Правот од лушпите ставете го во кафето.

Добри се за растенијата
Хранливите материи во лушпите од јајца можат да му помогнат на вашите цвеќиња. Додадете лушпи од јајца во компост, каде тие ќе се разградат и на вашите растенија ќе станат извор на калциум и други минерали. Прво оставете ги добро да се исушат а потоа скршете ги на мали парчиња за да можат што побрзо да се распаднат.

Прегледи:
452
Објавено на:
11.04.2020