Шпанија има намера да започне со ублажувањето на привремените мерки
Шпанија наскоро планира да започне со ублажување на мерките на ограничување кои моментално се на сила поради пандемијата на коронавирусот, изјави денес шпанскиот премиер Педро Санчез.
„Го достигнавме врвот и сега започнува падот“, изјави Санчез во речиси празниот парламент затоа што голем дел од пратениците работат од дома. Меѓутоа, предупреди дека враќањето на нормалниот тек на животот ќе биде бавна постапка со голема тежина на моменталната здравствена криза.
„Сега не ни е потребен чекор назад“
„Соочени сме со најголемата закана за јавно здравство од грипот во 1918 година. Сега не ни треба чекор назад затоа што тоа само ќе биде неуспех и враќање на епидемијата.“, изјави Санчез и им порача на своите опозиционери во неговата влада да работат на планот за постепено враќање на Шпанија во некој облик на „нормален живот“.