Иако ни се чини дека коронавирусот е присутен низ целиот свет, сепак постојат земји кои не ја пријавиле пандемијата КОВИД-19.
Тоа се Комори, Кирибати, Лесото, Маршалските Острови, Микронезија, Наури, Северна Кореја, Палау, Самоа, Соломонските Острови, Таџикистан, Тонга, Туркменистан, Тувалу и Вануату.
До пред десетина денови, на оваа листа беа уште три земји – Јемен, Јужен Судан и Сао Томе и Принципе, меѓутоа, во последните неколку денови и во овие земји се забележани првите случаи на коронавирус.
Некои стручњаци се согласни дека веројатно некои земји не пријавуваат случаи на коронавирус, но ги имаат. Сите се сомневаат особено за веродостојноста на податоците дека нема ниеден заболен од корона во Северна Кореја.