Категории

Секој има некој кој го нема…И кој го посакува

Ние сме вечни бидејќи сме Божје дело.

Затоа и поминуваме низ многу животи, многу умирања, излегуваме од непознато место и одиме на друго, исто така непознато. И кога луѓето ја замислуваат реинкарнацијата, секогаш се соочуваат со тешко прашање: ако во почетокот биле толку малку луѓе на Земјата, од каде доаѓаат сите тие нови души? Одговорот е едноставен.

Во одредени инкарнации се делиме. Како кристалите и ѕвездите, како клетките и растенијата и нашите души се делат. Нашата душа се претвора во две, тие двете се делат на уште две и така низ неколку поколенија се раширивме по големиот дел од Земјата.

Дел сме од она што алхемичарите го нарекуваат ‘Душа на Светот’. Вистина, кога Душата на Светот ќе продолжи да се дели, ќе порасне, но ќе биде се послаба.

Затоа, како се делиме, така се обединуваме. А тоа се вика Љубов. Кога една душа ќе се подели, секогаш се дели на машка и женска половина. Во секој живот имаме тајна обврска да најдеме барем една од тие Половини.

Најголемата љубов, која и ги раздели, се надокнадува со љубов која повторно ги соединува.

Како можам да знам дека тоа е мојата Друга Половина?

Ако се изложиш на ризик, ризик од неуспех, предавство и разочарување, но никогаш откажување од потрагата по Љубов. Кој нема да се откаже од потрагата, на крајот победува.

Коељо

 

 

 

Преземено од: o3zona.net

Прегледи:
674
Објавено на:
23.04.2020