Категории

Драган Вучиќ е автор на познатите композиции „Свирете ја Зајди, зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“

Утрово, на Инфективната клиника во Скопје почина познатиот инструменталист, композитор, пејач и водител, Драган Вучиќ, од компликации од вирусот КОВИД-19.


Во музичкото пoртфолио на Драган Вучиќ како басист и пејач ќе останат бројните снимки со групите “Тавче гравче“ и „Кода“, антологиската изведба на тамбура во песната „Липе цвату“ на Бијело Дугме, неговите авторски композиции како „Свирете ја Зајди, зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“, како и на песната „Мake my day“ со која неговиот син, Мартин Вучиќ, ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2005 година.

Покрај музичката кариера, Драган Вучиќ уживаше огромна популарност на просторот на цела поранешна Југославија со неговата пионерска медиумска дејност, со телевизиските проекти како „Вашите пет минути“, „Возење со Вучиќ“, „Гурмански приказни“, имајќи ги пред микрофонот сите потенцијални и актуелни музички и актерски ѕвезди.

Прегледи:
1385
Објавено на:
04.05.2020