Категории

Чудотворен лек од природата – Сите благодети на чајот од горчлива детелина

Треварите ја нарекуваат чудотворна билка. Ја препорачуваат баш во овој период кога сме дома како најдобар лек против воспаленија на локомоторниот систем

Горчливата детелина се вбројува во лековитите билки поради нејзината моќ да ја ублажува болката на коските и ревматизмот. Треварите ја препорачуваат сега кога во текот на изолацијата голем дел од времето го поминуваме дома, болките во локомоторниот систем се доста честа појава.

Горлчивата детелина се порепорачува и во случај кога треба да се подобри работата на црниот дроб и да се зголеми апетитот.

Чајот направен од суви лија од горчлива детелина се подготвува така што се зема една лажица листови кои се преливаат со врела вода. Чајот не се вари, туку само се попарува. Како и другите чаеви се пие без шеќер, евентуално се додава малку мед, а дневно се доволни две шолји.

Физиотерапевтите советуваат дневно да не се пијат повеќе од две шолји од овој чај затоа што може да предизвика дијареа, но затоа само две шолји на ден се сосема доволни да помогнат во случај на констипација.

Треварите оваа билка неретко ја комбинираат со други, а најчесто со жалфија и црвен кантарион.

Искуствата покажуваат дека горчливата детелине може да помогне и кај чувствителен желудник, жолтица, гасови и сува кашлица. Исто така се користи и за подобрување на крвната слика. Има ефекти и при кожни заболувања како што се егземи, лишаи, осипи а во тие случаи се користи во вид на облоги кои се натопуваат со чај.
Единствената маана на овој чај е тоа што има горчлив вкус.

Прегледи:
615
Објавено на:
07.05.2020