Категории

Време е за бронзен тен за само неколку минути: Сончајте се безбедно и здраво!

Се ближи летото, сите посакуваме да имаме бронзен тен кој прилега на секоја комбинација, дава свежина и живост на кожата. Во целиот процес на потемнување, најважно од сѐ е да ја подготвите кожата за жешките денови за да не дојде до несакани изгореници, појава на пеги и црвенило. Токму тоа ви го нуди вертикалниот турбо солариум во студиото за убавина La Sensa.

 

Зрачењето на солариумот содржи 0,5% – 0,8% УВБ од зрачењето кое го дава сонцето, па поради тоа е неспоредливо помалку штетно.

Сончањето во солариум обезбедува заштита

Под влијание на УВБ зрачењето се појачува сепарацијата на клетките на долните слоеви на кожата, резултирајќи со зацврстување и со тоа подобри филтрирачки особини. Заштитиниот ефект на пигментација е примарно базиран на фактот дека микро гранулите на меланинот формираат обвивка околу клетките и на тој начин го штитат ланецот на ДНК од продорното УВ зрачење. На овој начин се избегнува алергијата на сонце во текот на вашиот престој на море или планина. Во зависност од видот на солариум и типот на кожа, потребни се 10-12 третмани за да постигнете потполна заштита.

 

УВ зрачење и витамин Д

Синтезата на витаминот Д во кожата игра централна улога во однос на останатите благотворни дејства на УВ зрачењето. Под влијание на УВ зрачењето, на бранова должина од 260-320 нм, провитаминот се претвора во основен облик на витамин Д.

Солариумот во борба против болести

Дозите на УВ зрачење кои се потребни за синтеза на витаминот Д3 значајно се помали од оние од кои окжата се вцрвенува. На тој начин се постигнуваат многу важни благотворни ефекти од УВ зрачењето, како што се:

  • синтеза на витамин Д во неговиот основен облик
  • имуно модулационен ефект
  • унапредување на природните заштитни меганизми на телото
  • подобрување на физичките перформанси
  • ослободување на крвните садови од стресни состојби
  • позитивно влијание на функциите на жлездата со внатрешно лачење
  • подобрување на способноста на реакции на човекот и подобро субјективно чувство на неговата општа состојба

Солариумот во студиото за убавина La Sensa овозможува најголем степен на потемнување видлив уште по првата посета. Во La Sensa исклучиво се користат солариуми со ламби со врвен квалитет од индустријата за солариуми. Перформанси комфор и одличен дизајн со најнова технологија. Бронзениот тен никогаш не бил поблиску до вас!

Прегледи:
804
Објавено на:
08.05.2020