Категории

Мистериозното село на богатите во Кина: Никој не смее да го напушти, во спротивно сѐ губи!

Кинеското село Хуаки е сместено во покраината Јиангсу, а познато е под називот „селото на богатите“. Облакодери од 72 спрата, хеликоптери кои кружат на небото, како и тематскиот парк го прават ова место сосема поинакво од останатите во светот.

Но, доколку некој одлучи да ги спакува куферите и да се пресели на некое друго место, останува без вилата и парите на сметка. Токму тоа е причината што никој не се осудува да го напушти, за да не заврши на улица.

Поголемиот дел од жителите работат седум дена во неделата, па логично се поставува прашањето каде ги трошат парите? Очигледно само во Хуаки.

Пред 30-тина години ова село било едно од посиромашните кинески села кое броело само 600 жители. Но, тогаш се појавил високиот партиски функционер Ву Ренбао со план да донесе просперитет на ова место. Основал некоја фирма, а сиромашните луѓе ги направил богати.

Кога објавиле медиумите во 2004. дека еден жител годишно заработува 18.000 долари, заинтересираноста за ова село нагло пораснала. За да ја покажат состојбата на селото, властите во 2011. изградиле облакодер на 72. спрата, за чија изградба се потрошени 430 милиони долари.

Висината на облакодерот е 328 метри, а тоа е за 4 метри повисок од Ајфеловата кула во Париз. Селото има и превозно средство, но верувале или не, тоа кружи на небото во вид на хеликоптер. Жителите на тој начин имаат привилегија да бидат само за 10 минути во околните градови.

Тука е големиот тематски парк, во кој се наоѓа реплика на славните градби, како што се Кинескиот ѕид и Забранетиот град. Жителите не говорат за своето богатство, а пристапот на медиумите е ограничен. Новинарите немаат пристап таму додека не добијат одобрување од локалните власти.

Исто така, клубови и барови не постојат, па токму поради тоа се поставува прашањето каков е навистина животот во ова пребогато, мистериозно село.

Прегледи:
642
Објавено на:
11.05.2020