„Репродуктивниот број (R0) е помал од 1. Ова значи дека статистички 1 пациент заразува помалку од 1 пациент.
Здравствениот систем има капацитет да се справи со повторно појавување на нови случаи со КОВИД-19. 80% од случаите со КОВИД-19 имаат епидемиолошка поврзаност, што значи дека значително е намален бројот на нови кластери.
Согласно параметрите на Светската здравствена организација епидемијата е под контрола и може да очекуваме стабилен период во летните месеци“, соопшти на својата официјална фејсбук страница министерот за здравство Венко Филипче.