Категории

По повод Светскиот ден на сестринството, волонтер на Црвен Крст изработи несекојдневна честитка

По повод светскиот ден на сестринството, волонтер на Црвен Крст и хуманистот Zivko Popovski-Cvetin изработи несекојдневна честитка со која им го честита денот.


„Честитката е долга 100 метри, подготвувана со часови, со вложен труд, љубов, верба. И не случајно честитката пристигнува во вакви моменти. На овој начин им се одава признание на сите медицински сестри за нивниот ангажман во изминатите неколку месеци.

Поддршка за оваа активност дадоа Мобилните тимови на Црвен крст на град Скопје и Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри “За нас”, објавија на својата официјална фејсбук страница од Црвен Крст на град Скопје.

Прегледи:
685
Објавено на:
12.05.2020