Категории

(ВИДЕО) Испробување одвратна храна – Популарниот видео тренд кој нема да можете да престанете да го гледате

Тестиси од мисирка, гулаб во сос од пармезан, врело сирење, огнени крилца.. Самата помисла на оваа храна ве тера да ја исповратите душата. Но тоа е моментално најпопуларниот тренд на Youtube и луѓето не можат да се заситат од него.

Во последниот период на Youtube се појавуваат разни food challenge трендови. Кој може да направи поубави мини палачинки и кој ќе изеде што повеќе ролни со цимет. Но тоа е за аматери. Чекор напред прават оние кои одат на натпревар во тоа кој ќе изеде повеќе лути крилца. Кога еднаш ќе кликнете на такво видео, нема да можете да престанете да гледате, нема средина, се внесува се до степен на препукнување.
Овој тренд стана толку популарен што некои автори на вакви содржини почнаа да снимаат и видео јадејќи грозна храна.

Еден од најгледаните серијали на оваа тема го има Тери Крус, актер, борач, забавувач и сештојад. Тој е познат по тоа што внимава на својата исхрана и вложува во своето тело, па уште позабавно е да го гледате акко се обидува да ја свари храната која е штотуку измислена.

 

 

Прегледи:
787
Објавено на:
18.05.2020