Категории

PLACEBO КАКО И СИТЕ ОСТАНАТИ ЈА ОТКАЖАА ОВОГОДИНЕШНАТА ТУРНЕЈА!

„Со жалење вe инфoрмираме дека концертот на PLACEBO во Скопје закажан за 25 јуни на АРМ Стадионот сепак нема да се случи, впрочем како и ниту еден концерт на PLACEBO во рамки на нивната турнеја за 2020-та година“, велат од Авалон продукција.

Како и со сите турнеи, така и овде се работи на датуми и на нова турнеја за идната, 2021 година, па повеќе за тоа ќе се знае во средината на месец септември.

Сите оние коишто не можат и не сакаат да чекаат, ќе можат своите пари да си ги добијат назад од идната среда, 27-ми мај, од 09 часот наутро. Рефундацијата ќе се врши на начин и на местото од каде што се купени билетите.

ВАЖНО: Во оваа прилика Авалон Продукција им се заблагодарува на сите ticket keeper-и, не само за концертот на PLACEBO, туку и за сите други концерти коишто ги имаме закажано, а ги имаме прераспоредено со нови датуми, затоа што со овој ваш гест и` помагате на музичката лајв индустрија, која во моментиов не постои, што побрзо да се врати во живот.

Прегледи:
490
Објавено на:
20.05.2020