Категории

Здрава вечера – што и како да јадете за вечера?

Здравата вечера, која заситува, а во исто време е и вкусна, може да стане рутина за секој што се грижи за своето здравје, тело и дух. Добро искомбинирана вечера со хранливи состојки треба да се внесе во секојдневниот план за исхрана без разлика дали е целта подобрување на здравјето или за намалување на телесната тежина.

Здравата исхрана вклучува три стандардни оброци и ужина, а вечерата треба да биде последниот оброк во денот и гастрономски финиш. Затоа што е последниот оброк пред спиење и треба да го одржува организмот сит барем уште 10 часа – важно е да содржи корисни хранливи материи. Од друга страна, бидејќи по вечерата следи спиење, а за тоа време телото не троши калории како што прави во текот на денот – вечерата не треба да биде силна, масна или нездрава.

Важноста на правилната хранлива вечера за здравјето и за рамнотежата на целиот организам се огледува и во квалитетот на сонот. Бројни истражувања потврдија дека она што јадеме пред спиење во голема мерка влијае на тоа како спиеме. Квалитетното спиење нè снабдува со енергија, а немирниот сон и несоницата можат да бидат причина за многу здравствени проблеми. Така, лошата вечера е синоним за лош сон, вишок тежина и лошо варење. Затоа вечерата треба да биде од хранливи материи, како протеини, сложени јаглехидрати, витамини и минерали, здрави масти, соодветно дозирани и балансирано внесени.

Покрај тоа, здравата вечера секако вклучува и внесување пробиотици, кои имаат корисен ефект врз цревната флора и дигестивниот тракт, како и врз рамнотежата и здравјето на целиот организам. Додека потребните хранливи материи треба да бидат внесени во одредена пропишана форма, со пробиотиците нема правила. За подобро варење, пробиотиците треба да се земаат преку единствениот клинички тестиран пробиотски јогурт Баланс+. Како совршена комбинација на корисни состојки и пробиотични култури, Баланс+ е одличен додаток на секоја здрава вечера, а покрај другите важни хранливи материи – вечерата со Баланс+ позитивно ќе влијае на варењето, здравјето и рамнотежата на организмот.

Протеините се, исто така, многу важен дел од секој оброк, особено вечерата и нивната улога во здравата исхрана е голема. Тие имаат моќ да заситат, и не создаваат чувство на тежина во стомакот, како ни вишок масни наслаги. Протеините му помагаат на телото да ги зајакне мускулите, па дури и да го закрепне или изгради ткивото. Најздравата вечера секако вклучува протеини, и тие треба да се внесат преку млечни производи, јајца и месо што содржат голем процент протеини, како што се пилешкото и мисиркиното месо.

Иако јаглехидратите се на дното на пирамидата за исхрана, треба да се земаат со секој оброк, затоа што се одговорни за ситоста, го снабдуваат организмот со енергија во текот на денот и за одржување на нивото на гликоза во крвта за време на спиењето. Здравата вечера, секако не може да биде составена од какви било јаглени хидрати, туку комплексни јаглени хидрати, како што се: цели зрна, овошје, зеленчук и јаткасти плодови.

Преку зеленчукот примаме огромен број корисни хранливи материи, кои треба да бидат дел од секоја здрава вечера. Зеленчукот е одличен извор на растителни влакна, но и корисни витамини и минерали, а придобивките од тоа во голема мера се рефлектираат во јачината на имунитетот. Затоа, пред сè, зеленчукот (овошјето е богато со фруктоза) треба да биде составен дел на секоја здрава вечера!

Мастите се, исто така, клучен дел од исхраната, така што секоја здрава вечера ги има, но само незаситените масни киселини кои се наоѓаат во јаткастите плодови и рибите.

Сите намирници што ги содржат овие хранливи материи можат да бидат дел од здравата вечера, но за организмот и воопшто за здравјето, не е важно само она што го јадеме, туку и кога го правиме тоа. За рамнотежата на организмот и неговото здравје, важно е вечерата да не е само здрава, туку и рана, или најмалку два часа пред спиење.

Здравата вечера, составена од хранливи состојки може да го подобри квалитетот на спиењето, да спречи многу дигестивни проблеми, да го намали нивото на шеќер во крвта, па дури и да го намали ризикот од карцином.

Прегледи:
727
Објавено на:
20.05.2020