Категории

5 здрави јадења кои морате да ги вклучите во вашата исхрана

Со вклучување на овие јадења во својата исхрана, секогаш ќе внесувате нешто здраво и добро за вашиот организам.

Колку повеќе вкусни и разнолики јадења подготвувате, полесно ќе се држите до одлуките да се храните здраво. Исто така, оваа стратегија ќе ви заштеди и доста време затоа што нема да морате постојано да размислувате за тоа што да подготвите. За кои јадења станува збор? Изборот на храна секако зависи од вас, но со овие 5 едноставни рецепти веројатно нема да згрешите.

Smoothie
Вкусни се и преполни со здраво овошје и зеленчук и едноставно и брзо ќе ги конзумирате. Начините на кои можете да ги подготвувате смутијата се бесконечни, но постојат состојки кои секако треба да ги имате на ум. Пред се потребен ви е некој вид на течност, свежо овошје и зеленчук, протеини (на пр. јогурт), здрави масти (пр. кокосово масло) и доволно време за да ги подготвите во миксерот за да ја добијат својата кремаста текстура.

Зобена каша
Едноставната чинија зобена каша или целите житарици можете да ги прилагодите на неколку различни начини, а најпопуларен додаток се секако јаткастите плодови и овошјето. Зобената каша е преполна со влакна поради кои доста долго ќе бидете сити, поради тоа се смета за идеален појадок. Најдобро од се е – се подготвува едноставно. Додадете зоб во вода или млеко и причекајте додека зобот не ја упие водата и не стане мек. После тоа се што треба да направите е да додадете од омилените додатоци и да уживате во овој здрав појадок.

Кајгана
Брза, лесна, богата со витамини – кајганата е одличен оброк за појадок, ручек или вечера. Жолчката од јајцето е богата со здрави масти и витамин Д, поради тоа немојте да се придржувате до застарениот совет дека треба да јадете само белки. Иако припремата е едноставна, постојат неколку начини на кои можете да ја уништите кајганата, поради тоа држете се до едноставната подготовка и ќе подготвите совршена кајгана.

Маринара сос
Купечките маринара сосови најчесто се преполни со шеќери и поради тоа најдобра опција е да го подготвите сами. За среќа, подготовката е едноставна. Едноставно испржете лук и кромид на маслиново масло, додадете испасирани домати, и малку свеж босилек, а потоа мешајте додека сосот не ја добие својата густа текстура. Можете да го сервирате со тестенини, месо, или риба, а се користи и како сос за пица.

Намаз од слануток (хумус)
Овој популарен намаз е богат со протеини, а можете да го конзумирате на различни начини. Хумусот наједноставно се подготвува од слануток, лук, лимонов сок, тахини паста (паста од сусам) и малку вода.  После тоа хумусот можете да го збогатите со своите омилени зачини како што се мелен црвен пипер или магдонос.

Прегледи:
1010
Објавено на:
25.05.2020