Категории

Омиленото овошје црешите – Интересни нешта кои не сте ги знаеле

И покрај својата величина, црешите имаат доста многу да понудат



Црешите поради своите бројни придобивки се познати и како суперхрана, не се само богати со витамини и минерали туку и се полни со антиоксиданси, додека во исто време содржат и малку калории.

Богата е и нивната историја, поради што секако прочитајте ги следните занимливости за ова популарно и здраво овошје.

  • Црешата во Јапонија се смета за возвишено растение, поради тоа Јапонија во 1912 му поклони на САД 3,020 стебла цреши во знак на нивните пријателски односи. Стеблата се посадени во Сакура паркот во Менхетен – Њујорк.
  • Плодот на црешите е ден од семејството ружи Rosaceae во кое спаѓаат и бадемите, праските, кајсиите и сливите.
  • Се верува дека црешите ги откриле Римјаните некаде околу 70 години пред Христа, на подрачјето на тогашна Анадолија. Ги претставиле на Британците за време на првиот век.
  • Канада го држи рекордот за подготовка на најголема пита од цреши на светот. Питата која тежела речиси 18 тони ја испекле жителите на градот Оливер во покраината на Британска Колумбија и така го срушиле рекордот кој до сега го држел градот Траверс.
  • Германскиот збор Kirsch,  по кого ликерите од цреши го добија името, доаѓа од зборот karshu – ова име го добиле црешите кои се култивирани на подрачјето на некогашна Месопотамија.
  • Хемиската реакција помеѓу црешите и алкалите како прашокот за пециво предизвикува сина поја која јадењето е готово.
  • Иако веќе тогаш беа популарни како овошни десерти, во текот на 15 и 16 век, црешите се користеле и за медицински цели.
Прегледи:
739
Објавено на:
24.05.2020