Секоја врска остава некоја трага во животот на личноста. А на оние кои се оставени, сигурно им донесува најмногу горчина.
Но не секое зло е за зло, од секоја врска можете да излезете попаметни и поискусни со лекции кои ќе ви послужат во иднина.
Ова се лекции кои ќе ги научите кога некој ќе ви го скрши срцето
Сопствен простор
Партнерите во врската неретко сметаат дека голем дел од времето мораат да го поминуваат еден со друг ако се сакаат. Сепак, сфатете дека одредена оддалеченост е сосема „здрава“ и пожелна и треба да имате време и само за себе. Во врската често личноста се посветува на партнерот или партнерката а премногу малку на себеси што не е воопшто добро.
Не можете да поседувате некого
Ова е веројатно една од најважните лекции. Врската би требала да биде заедница на двајца луѓе кои одлучиле да ги спојат своите патишта и да го делат животот. Но, тоа не значи дека поседувате или можете да го поседувате некого и на тој начин да го контролирате секој потег и чекор на другата личност. И двајцата сте возрасни личности кои имале свој живот и пред влегувањето во врска. Свои пријатели, навики, своја слобода, хобија, свое време..
Партнерот нема да го промените онака како што вам ви одговара
Или ќе биде доста тешко да промените некого. Да речеме дека личноста која ве сака може да се прилагоди во некој дел и да биде подготвена да направи повеќе или помалку компромиси. Но, и колку да се трудите нема да можете да го промените. Ако има премногу разлики и одстапувања од она што го очекувате во врска, таа нема да има шанси за опстанок.
Можете и сами
Многумина тешко се помируваат со фактот дека се оставени сами, дека ја нема другата страна да го делат секојдневието. А кога ќе ви го скршат срцето и мислите дека е крај на светот, време е да покажете дека сте самостојна личност и можете да функционирате сосем сами. Опкружени сте со пријатели, со оние на кои им е грижа за вас и со слободно време кое го потрошите само на себе.
Срцето не ви е вистински скршено
Може да ви се чини дека е крај на светот, дека се застанало и дека веќе ништо нема смисла. И боли. Боли толку да го земете целиот живот во ваши раце и да се најдете во борба што побрзо да си ги залечите раните. Кога тоа конечно почнува да се случува, сфаќате дека вашето срце не е скршено и дека има сеуште „живот“ и место за други.
Се запознавате себеси
Освен што спознавате дека вистински можете да бидете и сами, почнувате да се запознавате себеси. После раскинувањето вашиот живот се менува и повеќе се фокусирате на себеси и откривање на тоа кои сте всушност и што ве прави среќни. Тоа ќе ви обезбеди квалитетна врска во иднина.