Тој 29 јуни, принцезата Дијана остана запаметена по својот моден избор кој зад себе криеше доста моќна порака
Истиот ден кога Принцот Чарлс јавно ја призна својата врска со Камила Паркер, Принцезата Дијана го сметала тоа за вистински миг кога повеќе не треба да го почитува кралскиот протокол, па се појавила во заносен фустан дизајниран од страна на Christina Stambolian.
29 јуни во Велика Британија е познат како „Ден на осветата“. Крајот на јуни 1994 година, магазинот Vanity Fair ја повика Дијана на специјален настан на кој Принцезата Велса требала да присуствува со моделите и познатите личности на тоа време.
Црниот фустан од грчката дизајнерка Christina Stambolian докажал дека после три години Дијана може слободно да му покаже на светот како се спротивставува на кралското семејство.
Според митот, истото попладне таа мислела дека на тоа случување ќе се појави во фустан дизајниран од страна на модната куќа Valentino. Пред да започне да се подготвува за случувањето, Принцот Чарлс на телевизија дал интервју во кое јавно ја признал својата врска со Камила Паркер
„Бев верен, се додека не ми стана јасно дека нашиот брак е непоправлив“, рекол принцот Чарлс, синот на кралицата Елизабета II и таткото на принцовите Хари и Вилијам, во живот на телевизија.
Оваа изјава и овозможи на принцезата Дијана конечно да се спротивстави на кралското семејство, отворајќи го својот плакар во потрага по фустан кој ќе и го овозможи тоа. Овој фустан прекршил неколку од кралските правила.
Прво, членовите на монархијата не смеат да носат црна боја која е резервирана исклучиво за погреби на некој член од кралското семејство или некоја важна личност. Исто така, уште едно од правилата е дека член на кралското семејство не смее да покаже рамена и нозе.
Но Дијана тогаш не се грижела за тоа. Од тој ден нејзиниот грчки фустан останал запаметен во сеќавањето на сите како „осветничкиот фустан“.