Категории

Како настанува Охридскиот бисер? – Тајна која ја знаат само две семејства

Извонредната природа богата со историско и културно наследство веќе од 1979 година е е сместена на листата на УНЕСКО како светско културно наследство.

Осветлен од сјајот на бисерното езеро, во сенката на Самуиловите ѕидини и снежните врвови, со сведоштвата на културните натпревари на цивилизациите, живее колевката на словенската писменост, еден од најубавите градови во нашта земја – Охрид.

Охрид, Стариот град во огледалото на Охридското езеро се наоѓа на раскрсница помеѓу православието и исламот, неистражените природни убавини и насекаде љубезните домаќини. Извонредна природа посеана со богато историско и културно наследство веќе од 1979 година е сместен на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

Прочуениот Охридски бисер не се наоѓа во школките, како што е вообичаено за приморските краеви. Охридскиот бисер се изработува рачно, од седеф кој се отстранува од крлушките на посебен вид на риби кои живеат само во Охридското езеро.

Оригиналните бисери ги изработуваат само две семејства по посебна технологија која се пренесува по машките потомци во семејствата. Цената на бисерите се движи од 15 евра па нагоре, во зависност од слоевите седеф и текстура.