Различни мажи ги привлекуваат различни нешта, но истражувањата покажуваат дека на следните четири нешта ретко кој маж може да им одолее.
Боја на глас
Мажите се чувствителни на бојата на гласот на жените, а особено им се неодоливи оние мазни, заводливи гласови со кои можела да се пофали и Мерлин Монро.
Насмевка
Ова веројатно не би ве изненадило премногу, затоа што никој не сака да има намќор во свое друштво. Освен тоа, истражувањата покажуваат дека насмевката делува врз партнерот, односно врз делот на неговиот мозок кој е поврзуван со надградувањето и пофалбите. Исто така, докажано е дека мажите сакаат жени кои се смеат на нивните шеги. Секако тоа не подразбира и смеење на сила.
Облини
Секако ова не важи за сите мажи, но поглем дел ќе се сложат дека сакаат жени со облини а не слаби. Затоа, не бидете премногу драматични поради оние два килограми кои сте ги добиле и од кои никако не можете да се ослободите.
Црвена боја
Научно е докажано дека мажите покажуваат поголем сексуален интерес за жена во црвен фустан отколку за фустан во било каква друга боја. Всушност сигурно веќе ви е јасно дека не можете да останете незабележани доколку носите црвена боја.