Дали би го пробале овој необичен рецепт?
Focaccia е еден од најпопуларните италијански специјалитети. Со cherry домат, рузмарин или лук и маслинки тоа е апетисан во кој италијанците уживаат со чаша вино.
Така креативните корисници на Инстаграм одлучија да одат чекор напред. Со многу фантазија го искористија “focaccia” како сликарско платно за да создадат мали уметнички дела кои секако, можат веднаш да се изедат. Користеа шарени пиперки, аспарагус, грозје, маслинки, цвеќиња кои се јадат и други намирници и оброците ги трансформираа во бујна шарена ливада или шарен буќет цвеќиња.
Резултатот е прекрасен и дефинитивно вреди да се проба.