Категории

Посесивноста е болест, но малата доза на љубомора е здрава

За почеток, не ја мешајте посесивноста и верноста. Првото е деструктивна потреба на човек се да му припаѓа. Второто е почитување на личноста со која сте.

За почеток, не ја мешајте посесивноста и верноста. Првото е деструктивна потреба на човек се да му припаѓа. Второто е почитување на личноста со која сте.
Па да продолжиме.
Луѓето се делат на оние кои ја застапуваат теоријата дека љубомората не е добра и оние кои тврдат дека љубовта не е љубов доколку партнери не се ситните конзументи на љубомората кои доаѓаат како зрна бибер.

Љубомората како резултат има некоја деструкција. Таа треба да се лечи доколку не реагира на антибиотици во вид на разговор три пати дневно, на секој осум часа.
Доколку не реагира на билдање доверва и кревање големи количини чувства кои ги чувствувате еден спрема друг.

Ако е неизлечлива, ако некој друг поради неа доживува непријатност, солзи, ноќни мори, треба да се ослободите од личноста која шири вирус на деструктивна љубомора. Тешко е секогаш да се андевате дека тааа ќе помине, дека кревањето рака на партнерот или нешто трето е само минлива фаза.

А сепак врската во која воопшто не ве допира тоа што партнерот има интеракции со други припадници на спротивниот пол, доколку ви е апсолутно сеедно кога вниманието кое е резервирано за вас станува уште нечие внимание, ако не посакате некој пуст остров на кој ќе бидете само вие, доколку ви е сеедно кога туѓите погледи го соблекуваат она на неа кое вие пред неколку мигови порано сте го закопчувале, како знаете дека тоа е љубов?
Тоа не е работа на присвојување или недоверба.. Тоа се само мали црви кои дури и јаболката ги имаат.

Ninon de Lenclos рекла дека жените мразат љубоморен маж кој не го сакаат, но би се лутеле кога мажот кој го сакаат не е љубоморен. И се е јасно со оваа реченица.

Прегледи:
651
Објавено на:
04.06.2020