Можеби звучи помалку необично, но без оглед на тоа колку пати сме отишле на љубовен состанок, секогаш имаме трема. И секогаш следи она познатото прашање: за што ќе разговараме?
Приказната оди вака: Прв пат се видовме, потоа конечно се запознавме и ме повика да излеземе. На моето воодушевување му немаше крај. Тој баш ми се допадна, но штом помислив на првиот љубовен состанок, ме фати паника, што, каде, како?
Верувам дека ова сценарио им се случило на многумина. И секако помислувате: Да, јас сум забавна, кога сум во друштво сите се смеат на моите шеги, уживаат во моите приказни и приказни, одлично сослушувам и делам совет. Но првиот љубовен состанок дури и за оние со најголема самодоверба може да биде прилично стресен.
Еве како вашата прва љубовна средба да не се претвори во љубовна разделба:
- За почеток изберете соодветна гардероба, нешто во кое ќе се чувствувате пријатно и удобно а истовремено и самоуверено. Нека таа ги истакне вашите најдобри карактеристики. Не обидувајте се да оставите впечаток така што ќе облечете нешто кое не е ваш стил и не ви се допаѓа. Бидете свои.
- Одберете локација на која ќе можете лесно да разговарате и така подобро да се запознаете. Најдобро ќе биде некој кафе-бар или ресторан со пријатна атмосфера. Киното е избор кој треба да го оставите за малку подоцна, затоа што тишината која е потребна ќе ве спречи да комуницирате и да дознаете нешто еден за друг. А местата со гласна музика не се добра идеа поради истата причина.
- За да започне спонтатан комуникација меѓу вас, за почеток поделете некој комплимент. Тоа може да биде за изборот на локацијата. Можете да споделите некои детали за тоа како поминал вашиот ден, нешто интересно и актуелно. Прашувајте прашања кои сакате да ги дознаете, од каде потекнува, каде посетувал школо, каде живее, што работи. Избегнувајте премногу интимни прашања, наместо тоа насочете го разговорот кон општи теми од секојдневниот живот.
- Никао немојте да поставувате прашања за неговиот љубовен живот во минатото. Колку партнерки имал и како завршиле љубовните врски. Исто така избегнувајте прашања од типот „Дали размисуваш за брак?“ и „Колку деца сакаш да имаш?“. Таквите прашања ќе го исплашат и ќе го натераат да помисли дека вие веднаш сакате нешто сериозно со него. Бидете опуштени.
- Вербалната комуникација е важна, но невербалната исто така. Не заборавајте на вашето однесување. Бидете уштиви и однесувајте се со почит, бидете љубезни и делувајте природно.
Контактот со очите е доста важен, како и говорот на телото. Во разговор со вашиот соговорник, гледајте го во очи и повремено кимнувајте со главата во знак дека го следите, тоа покажува дека сте потполно фокусирани на она што го зборува.