Категории

Тајната на здравјето се крие во едно зрно од ова овошје

Утврдено е дека дури и многу мала доза на есктракт од масло од ова овошје се покажала како ефикасна во борбата против превенција од разни штетни бактерии, вируси и паразити.

Грејпфрутот е делотворен како превентивно сретство во заштитата од инфекции. Екстрактот од семе од грејпфрут содржи биофлавоноид, глукозид и Ц витамин. Маслото се создава од семињата и одредени состојки од месестиот дел од ова овошје. Активните матери на семето буквално ги „изгладнуваат“ бактериите и протоа не нанесуваат никаква штета на организмот.

На тој начин маслото од грејпфрут ги уништува вирусите, бактериите и паразитите на потполно природен начин и без употреба на лекови.

Маслото од грејпфрут се покажало и како доста делотворно и во случај на разни желудачки и цревни тегоби, габични инфекции на кожата и слузокожата, кај прелада, инфекции на грлото, увото, носот и ноктите, при воспаление на забите и вагинални инфекции.

Маслото може да се користи и однадвор и одвнатре а може да служи и како дезинфициент за предметите од нашата околина поради своите антивирусни и антибактериски својства.

Исто така е доста делотворно при разградувањето на вишокот маснотии и проблеми со целулит, а благотворно делува и на кожата склона кон инфекции, акни, егземи и воспаленија.

Доста позитивно влијае на расположението, го намалува стресот и ублажува симптомите на депресија.

Се применува и при ароматерапијата со додавање на масло од грејпфрут во вода за капење, за инхалација и измивање на грлото. Може да се применува и за дезинфекција на домаќинството, за дезинфекција на месото, овошјето и останатите намирници и како конзерванс при подготвување на зимница.

Прегледи:
590
Објавено на:
07.06.2020