Кога еднаш ќе ја пробате ќе ви стане вашиот омилен летен десерт
На самиот врв на омилените пролетни и летни овошја без двоумење се наоѓаат малините кои се неизоставен додаток на колачите, тортите и сладоледите. Слатко и сочно, а толку здраво овошје кое во секоја комбинација донесува префинетост и богат вкус кој нема да можете да го заборавите.
Оваа превкусна торта со малини се јаде изладена па најдобро е да ја оставите да преноќи во фрижидерот. Парче торта кое освежува и засладува ќе ви биде омилен десерт после ручекот.
Еве како да ја подготвите:
Потребни состојки:
- За бисквит
- 200 гр. путер (собна температура)
- 150 гр. шеќер
- 4 јајца
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 200 гр. брашно
- 1 прашак за пециво
- 2-3 лажици млеко
За крем
- 300 гр. шлаг во прав
- 150 гр. грчки јогурт
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- Свежо изрендана кора од лимон
- 2 лажици шеќер во прав
- Малини
Начин на подготвување:
Рерната загрејте ја на 175 степени. Изматете го путерот, ванилиниот шеќер и обичниот шеќер и додадете ги јајцата едно по едно, па потоа останатите состојки. Миксирајте додека не добиете хомогена смеса.
Калапот обложете го со хартија за печење. Печете околу 40 минути се додека чечкалицата не остане чиста. Оставете го пандиспанот да излади.
Додека тој се пече, во длабок сад изматете го правот за шлаг и додадете шеќер, ванилин шеќер и кори од лимон. Миксирајте додека состојките не се соединат потоа додадедте половина грчки јогурт и продолжете да мешате. Кога добро ќе се соединат, додадете го и останатиот дел од грчкиот јоурт и мешајте до крај. Ставете ја кремата во фрижидер да се излади. Кога добро ќе се излади пандиспанот и кремата, нанесете ја врз него и распоредете ги малините.