Една чаша дневно од овој природен производ прави чудо за вашето здравје и линија
Сурутката е жолтеникава вода која останува при производството на сирење. Неупатените можеби уште во самиот старт можеби ќе имаат двоумица околу нејзиниот вкус, но тој всушност не е воопшто лош, прилично е сличен со вкусот на млеко или јогурт.
Всушност 93% од сурутката е вода, а остатокот е она најдоброто од млекото – лактоза, казеин, минерали, витамини, протеини.. Протеините на сурутката содржат многу есенцијални аминокиселини, кои човечкото тело не ги произведува, и мора да се внесат преку храната а важни се за работата на целиот организам.
Исто така тие се потполно искористливи затоа што се значително помали и со поедноставна градба од протеините на млекото, па со самото тоа и полесно сварливи.
СИТЕ БЛАГОДЕТИ НА СУРУТКАТА:
Една од најчесто спомнуваните предности на сурутката за здравјето се однесува на здравјето на црниот дроб, особено кај луѓето кои имаат бавно работење на црниот дроб или масен црн дроб. Сурутката дава аминокиселини кои помагаат во регенерација на црниот дроб и синтетизирање на глутатионите кои го штитат овој орган.
Освен тоа го намалува и крвниот притисок што го ублажува стресот на црниот дроб, а со тоа нејзините протеини го зголемуваат чувството на ситост, и помагаат во намалување на масните наслаги на црниот дроб.
Сурутката успешно ги решава проблемите со варењето затоа што млечната киселина од нејзиниот состав успешно го намалува прекумерниот број на габи и бактерии во цревата, лактозата ја поттикнува работата на цревата и помага при апсорпцијата на калциум и фосфор.
Добра е за регулирање на килограмите. Сурутката е хранлива намирница со исклучително ниска енергетска вредност – има само околу 30 калории на 100 грама. Дава чувство на ситост а притоа го забрзува метаболизмот.
Некои студии покажуваат дека конзумирање на протеините од сурутката може значајно да помогне во намалување на нивото на лош холестерол како и тоталното ниво на триглицериди кај личностите кои имаат висок крвен притисок, а популарна е и меѓу спортистите затоа што го поттикнува растот на мускулната маса. Изобилува со електролити, одлично го хидрира телото и помага во создавање на енергија.
КАКО СЕ КОНЗУМИРА:
Сурутката може да се конзумира во течна состојба или во прав. Во течна состојба може да се пие по чаша наутро и навечер, околу пола литар дневно. Сурутката во прав се конзумира според упатството, обично количина од 20 до 50 грама се раствара во вода или сок.