Категории

Само големите и силни мажи плачат – и не се срамат од тоа!

Кога маж плаче тоа речиси никогаш не е доведено до сомневање во искреноста на неговите емоции. 

Маж не се раѓа, маж се станува. Како што е речено играта започнува во пубертетот, период кога слабостите помеѓу децата сеуште се толерираат. Машкоста е ризична и стално умее да се испушти. До неа се доаѓа со поминување низ еден бескраен круг на докажувања и иницијативи, а ја потврдуваат исклучиво останатите мажи.  Се освојува тешко но може да се изгуби во еден миг.

За разлика од блиските пријателки кои имаат привилегија да се исплачат една пред друга и на тој начин вистински да си олеснат, ситуацијата кога еден маж плаче а другите го тешат и охрабруваат – е вистинска реткост. Таа е незамислива но и во најголемиот број случаи ќе биде сфатена како непријатна, забранета и недолична. На мажите во тие мигови им е непријатно да присуствуват во нешто толку чудно и неприродно. Жените меѓусебно не се извинуваат поради пролеаните солзи. Мажите тоа ќе го направат секогаш.

Но тука постои и еден голем мит – митот за лажните женски солзи, кој за мажите зборува многу. Кога маж плаче тоа речиси никогаш не е доведено до сомневање во искреноста на неговите емоции. Затоа што тој преку солзите веќе се „изневерил себеси“. Се подразбира дека за тоа мора да имал доволно силна причина. Доволно убедливо оправдување.

Жените напротив, многу лесно се расплакуваат. Кога ќе посакаат. Нивните солзи можат да бидат зачин, стилско сретство, адут, последен ас во ракавот кога сите други манипулациони сретства се искористени.

Кога мажот дава со своите емоции, тоа не се плаши да даде радост, но и да ги подели своите стравови, лутина, страдање и болка. Во љубовта постои законот на изобилство кој има значење во обострано давање и примање. И затоа треба вистински да им се восхитуваме на мажите кои имаат храброст во времиња без вредности да ги покажат своите чувства, да се биде маж во вистинска смисла на зборот – силен, одлучен, грижлив и емотивен.