Ова се некои видови пофалби и комплименти кои на мажите им укажуваат дека ги почитувате, вреднувате и го гледате најдоброто во нив.
Никој не е имун на комплименти и пофалби, односно секој сака да ги чуе и ги заслужува, дури и ако не умее да ги прими со благодарност. Обично на мажите им се делат совети околу тоа како да им упатуваат оригинални комплименти на жените, но пофалбите и комплиментите упатени кон нив им годат подеднакво како и на жените.
Ова се некои видови пофалби и комплименти кои на мажите им укажуваат дека ги почитувате, вреднувате и го гледате најдоброто во нив.
Пофалете го неговиот шарм и смисла за хумор
Во едно испитување за тоа која врста на пофалба најмногу им годи мажите одговориле дека уживат кога некој ќе го нагласи нивниот шарм и смисла за хумар.
Забележете за неговата сила и мажественост
Иако сте независни и самостојни, покажете му на мажот дека се грижите за него така што ќе ја цените неговата мажественост, иницијатива и неговата заштитничка наклонетост – покажете му дека сте задоволни што можете да се потпрете на него.
Дајте му комплимент за неговиот стил на возење
Мажите се доста чувствителни околу своите возачки способности. Немојте да ги критикувате и да им укажувате каде и што да прават додека ве возат, воздржете се од критики но пофалете го неговото паркирање, трпение во гужвата и добри рефлекси во критични ситуации.
Пофалете ги неговите деловни успеси и амбиции
Деловната област за мажите е доста витешко поле, на кое ја искажуваат својата способност и на вас останува да ја забележите таа способност, да ја почитувате и поддржите на секој начин. Пофалете ги неговите мудри одлуки и потези, прославете го неговиот успех, вреднувајте ги и поддржувајте ги неговите амбиции – покажете му дека сте покрај него и верувате во него.
И секако љубовните вештини
Секој маж е горд кога е сигурен дека на жената и пружил потполно задоволство, па затоа не се стегајте да му кажете колку уживате и пофалете ја неговата нежност, страст и предаденост. Мажот станува подобар љубовник покрај жената која умее да се препушти, радува и ужива кога му покажува дека е посакуван.