Категории

Секое утро започнувајте го денот со чаша вода со лимон – еве кои придобивки ги има

Чиста кожа, силен имунолошки систем и ефикасно слабеење – се само некои од бројните придобивки од овој напиток.

Еве зошто секој ден треба да го започнувате со чаша вода со лимон.

Чиста кожа
Водата само по себе ги елиминира токсините од телото. Ако додадете лимон кој изобилува со витамин Ц, ќе добиете напито кој го спречува настанувањето на акни и предвремени знаци на стареење.

Ја регулира pH вредноста
Иако можеби ви се чини дека лимонот има кисело својство, треба да знаете дека припаѓа на групата со алкална делотворност. Зголеменото внесување на намирници со алкална делотворност го намалува ризикот од настанување на низа болести и отежнување на функциите на телото.

Го зајакнува имунолошкиот систем
Калиум од лимонот го регулира нивото на крвен притисок, ја стимулира работата на мозокот и нервниот систем, а витаминот Ц го намалува ризикот од настинки и грип

Го поттикнува слабеењето
Водата со лимон ја забрзува работата на метаболизмот, ја спречува потребата за слатко и грицки и ја поттикнува елиминацијата на вишокот вода во телото и учествува во регулацијата на апетитот.

Ја поттикнува работата на мозокот и нервниот систем
Поради големото количество калиум, водата со лимон може да го смали ризикот од појавата на депресија, анксиозност, го подобрува помнењето и концентрацијата, а витаминот Ц го регулира нивото на хормонот за стрес.

Ги ублажува симптомите на болестите на респираторниот систем
Водата со лимон има одлични антибактериски својства, го намалува ризикот од инфекции и ги ублажува симптомите на веќе постоечките. Истражувањата покажуваат дека е одлична за ублажување на симптомите на алергија.

Ја поттикнува работата на метаболзимот
Ако често чувствувате надуеност и констипација, секој ден започнувајте го со чаша вода со лимон. Ја поттикнува работата на метаболизмот а првите резултати ќе ги забележите после неколку дена.

Го зголемува нивото на енергија
Кафето го дехидрира телото, поради што уморот може да стане уште поинтензивен. Кафето слободно можете да го замените со вода со лимон која ќе го отстрани уморот и ќе се чувствувате свежо и одморено.

Прегледи:
647
Објавено на:
17.06.2020