Категории

Нема да го уништи вашиот сон – Храна која слободно можете да ја јадете и на полноќ

Не морате да си легнувате гладни и нервозни, не грижете се оваа храна е потполно безбедна за консумирање дури и на полноќ и нема да го уништи вашиот сон

Често се случува да огладнете во глуво доба во ноќта, иако не е препорачливо да се јаде после 20 часот. Лесно се паѓа во искушение да си направите сендвич или да земете некои грицки пред спиење, но здравиот начин на живот и грижата за килограмите голем дел од луѓето ги одвраќа од лошите навики.

Сепак, не мора секогаш да биде така. Постојат намирници кои можат да ве заситат и да не го загрозат здравиот начин на живот.

Доколку гладот е толку силен што веднаш мора да се задоволи, нутриционистите препорачуваат 5 намирници кои се одлични скротувачи на гладок а воедно се и исклучително здрави.
Тоа се: Овесната каша, сокот од цреши, топлото млеко, јаткастите плодови и нискокалоричното сирење.

Докажано е дека јаглените хидрати ослободуваат серотонин кој го смирува мозокот. Порција овесна каша со млеко е најдобар избор пред спиење.

Нутриционистите исто така препорачуваат сок од вишни, наутро и навечер. Тој го зголемува нивотот на меланин кој го прави сонот квалитетен. Сепак, свежо цедениот напиток од црвено овошје не е се секогаш достапен и не на секому му годи толкава количина на течност.

Чаша млеко е одлична замена за добар сон. Освен што содржи аминокиселини триптофан кои стручњаците ги поврзуваат со спиењето, делувањето на овој напиток е пред се психолошко.

Јаткастите плодови имаат смирувачки ефект на мозокот и го подобруваат квалитетот на сонот. Бадемите, оревите и кикирите се само некои од плодовите кои секогаш треба да ги имате во вашата кујна.

Прегледи:
629
Објавено на:
22.06.2020