Категории

Принцот Вилијам го прослави својот роденден во весела атмосфера со своето семејство

Британското кралско семејство денес го прослави роденденот на Принцот Вилијам, а за таа чест на официјалниот профил на палатата, војвотката од Кембриџ сподели весели фотографии од принцот и децата

Денес принцот Вилијам го слави својот 38 роденден, а за таа цел Kensington Palace објави портрети од гордиот татко како си игра со своите три деца, а нив традиционално ги обележа војвотката од Кембриџ – Кејт Мидлтон која со текот на времето се претвори во одличен фотограф.
Предмет на нејзините фотографии се најчесто нејзините деца чии портрети се објавуваат на нивните родендени.

Со овие фотографии, британското кралско семејство го одбележа не само роденденот на принцот Вилијам туку и Денот на татковците во Велика Британија.

Прегледи:
644
Објавено на:
22.06.2020