Старите Египќани и се восхитувале и ја користеле како лек, фараоните верувале во моќта на оваа билка како еликсир за долг живот а Клеопатра го употребувала нејзиниот гел за да ја задржи својата кожа мека и мазна.
Индијанците ја сметале Алое Верата за света билка нарекувајќи ја небесен лек и со неа лечеле повреди и рани, убоди од змија, главоболка и астритис, а сокот од Алое го нанесувале на своето лице за да изгледаат млади и убави.
Познато е и нејзиното лековите дејство кај проблемите со варењето и желудникот, псоријазата и егземите. Познато е дека го зајакнува имунитетот на телото ослабнато од болести, а воедно е нагласено и нејзиното противвоспалително делување.
Начин на подготовка на чај од Алое Вера:
Додадете една чајна лажица од билката или фитер вреќичка и прелијте ја со 0,2 л врела вода. Поклоете и оставете да одстои 5-10 минути, процедете и пијте го свежо подготвениот чај.