Категории

Како да водите организиран живот – Совети да ја избегнете збрката во секојдневието

На многу луѓе нередот им делува психички така што им создава нервоза и фрустрираност, тоа чувство како да не можат да го контролираат својот живот. Ако го исчистите нередот и збрката која ве опкружува тоа може да ве смири.

Ние ви помагаме и ве советуваме како да живеете живот без збрка.

-Никогаш немојте да купувате сувенири

-Една полица или рафт секогаш чувајте ја потполно празна

-Нека површините во вашиот дом бидат што попразни.

-Ослободете се од старите весници и списанија. Ни еден од нив немојте да го чувате повеќе од еден ден, а списанијата не постари од 2 месеци.

-Направете точно место за секоја предмет.

-Нека се во вашиот дом има соодветно место: книгите, облеката, кујнскиот прибор, играчките. Пред големото чистење направете простор за се од нив.

-Немојте да купувате импулсивно. Пред да се одлучите да купите нешто, прашајте се дали постои соодветно место каде ќе го ставите.

-Немојте да прифаќате бесплатни поклони освен ако не сте воодушевени.

-Купете доволно закачалки за секој плакар.

-Пред да одите во кревет, издвојте 15 минути за да вратите се на свое место.

-Чувајте ја облеката секоја на своја закачалка.

-Купете кутија за ситници и во неа ставете се што не знаете каде да го ставите.

-Фрлете ги расипаните нешта. Сигурно во вашиот дом постојат работи кои не ви служат за ништо.

-Ако не можете нешто да пронајдете, тоа е јасен знак дека на вашиот дом му е потребно чистење.

-Кога ќе чистите немојте да префрлате нешта од едно на друго место, туку убаво уредете ги и организирајте ги.

Прегледи:
481
Објавено на:
16.07.2020