Категории

Директор на едно училиште направил смешна и информативна пародија на хитот ‘Can’t touch this’

Како што пандемијата упорно трае, се отвараат  дебати за тоа дали училиштата повторно да се отворат од септември или не. Родителите се загрижени за своите деца, како и за своето здравје, со оглед на тоа дека дечињата можат да бидат асимптоматски преносители.

Еден директор на училиште во Алабама, САД, Др. Квентин Ли, направи пародија на популарниот хит на МЦ Хамер со КОВИД-19, која е информативна, исто онолку колку што е смешна. Преку пародијата ги потсетува учениците како да останат безбедни.

Др. Ли во видео спотот носи маска за лице, држи шише антибактериско средство и неконтактен термометар за чело. Тој комично ги објаснува мерките за одржување дистанца, честото миење на рацете и чистење на површините со антибактериски средства итн.

Моментално песната има преку 5 милиони прегледи на Јутјуб и е голем хит. Делумно, успехот се должи и на смешниот танц на директорот.

Погледнете го видеото:

Прегледи:
653
Категории:
Видео · Хумор
Објавено на:
12.08.2020