Категории

Приклучи се, донирај училишен прибор за деца од социјално загрозени семејства

Ways2help организараат уште една хуманитарна акција, овој пат со цел да донесат среќа кај најмладите преку донации на училишен прибор за деца од социјално загрозени семејства.

Училишните денови се наближуваат, и покрај целата несигурност за тоа како ќе се одвиваат едно нешто е повеќе од јасно, некои смејства не се во можност да обезбедат средства за едно целосно достоинствено школување на своите деца. Но, неодамнешната стартап идеја која има за цел да ги обедини сите хуманитарни акции и организации на едно место повторно е тука да направи промена. Преку уште една соработка со организација  Вистински дела на Љубезност  од 19ти до 21 август на Бродот на Среќата ја релизираат нивната акција за донирање на училишен прибор.  Оваа акција има за цел да помогне на 45 деца од 21но семејство, доколку сакате да се приклучите на акција и да донирате потребни се:

  • За децата кои се на возраст од 6 до 11 години:
ранче, дрвени боички, фломастери 12 бои, темперни, водени боички, гума, молив, линијар со шаблони, острилка, пластелин, табела од 100 броја по математика на картон, тетратка без линии А5 формат, блок бр. 2 за прво и второ одд, блок бр. 3 за трето, блок бр. 4 за четврто и блок бр. 5 за петто, тетратка А5 формат 2-5 одд по линии и квадратчиња
  • За децата од 11 до 15 години:
ранче, тетратки А4/А5 формат, пенкала, острилки, гуми, моливи, тенкоминци, линиари (сет), фломастери, шестари, блок бр. 5, темперни бои, водени бои, четки, палета за бои, тетратка петолиние.

Донациите може да ги доставувате во текот на целиот ден во определените дадуми кога се одвива акцијата, а волонтерите на Ways2help ќе бидат активно присутни од 18:00ч до 20:00ч секој ден. 

За повеќе информации и идни донации следете го фејзбук профилот на Ways2help и станете дел од нивната заедница преку тоа што ќе придружите на нивната фејзбук група Ways2help Community

Прегледи:
835
Објавено на:
14.08.2020