Доколку не знаете што да подготвите денес за ручек, еве ви одличен предлог
Состојки
- 2 тиквички
- сол, бибер
- 2 јајца
- 50 гр. сланина
- млад лук
- 120 гр. брашно
- 10 гр, прашак за пециво
- кисела павлака
Подготовка:
Изрендајте ги тиквичките и посолете ги, оставете 20 минути и потоа исцедете ги .
Изматете ги јајцата и додадете ги тиквичките, додадете и ситно сецкан млад лук, сланина, брашно, бибер и прашак за пециво.
Измешајте ги сите состојки и направете плескавици па испржете ги на маст додека не поруменат.
Прелијте кисела павлака и посипајте малку млад лук.