Категории

По чекорите на мама: Ќерката на Моника Белучи – Дева Касел во нова D&G кампања

Фотографии од снимањето на новата реклама на италијанската модна куќа на која Моника Белучи и е долгогодишна муза, а сега нејзината ќерка го превзема нејзиното место

15-годишната Деца Касел се појавува како водечки модел во новата кампања на италијанскиот бренд Dolce & Gabbana. Дева изгледа заносно а на самиот сет на снимањето присуствуваат и нејзините родители, Висент Касел и Моника.

Снимањето на новата кампања се одвива во италијанскиот град Белаџо, сместен покрај езерото Комо.
Градчето е познато по својот ренесансен изглед, прекрасните вили стари неколку векови и градините кои се надвиснуваат над езерото.

Судејќи според папараци фотографиите, Моник и Винсент не беа на снимањето само како родители покрај малолетната ќерка, туку и самите да учествуваат во кампањата – што воопшто не не чуди со оглед на тоа што Dolce & Gabbana се познати по истакнувањето на традиционалните италијански вредности во прилика на презентирањето на својот бренд, а еден од нивните најголеми вредности на оваа нација е секако важноста на семејството.

По се изгледа дека Дева ја превзема улогата на својата мајка како долгогодишна муза на италијанската модна куќа.

Прегледи:
978
Објавено на:
20.08.2020